Wednesday, October 22, 2008

Типови на ученици според однесувањето

Најдраг на професорот
Секогаш има исчешлана коса, чисти уши, уредни нокти, изгланцани чевли, напишано домшно и секогаш, али секогаш спремно пенкало или молив за да го даде на професорката. Ќе го најдеш во првата клупа, веднаш спроти катедрата, дури и за време на одморите. Доживотен е прецедател на одделението.

Антихрист
Ужива во наговарање на други ученици да направат нешто што никогаш не им паднало на памет. Лесно се наоѓа во невоља и во неа ги вовлекува сите (дури и најдрагиот ученик на професорот)

Молчели
За да можеме да комуницираме со овој тип на ученик неопходен е молчелив речник*.
Се препорачува за играње пантомима и за ком
еморативни седници.
*Молчелив речник:
Климање со главата - Сакам
Одречување со главата - Несакам
Црвенило на образите - Благодарам

Аха! - Секако! Секако!

Мх! - Сосема си во право. И јас мисла
м така!
Хм! - Зборуваш глупости! Јас не те разбирам!
Ха! - Многу смешно!
Ха! Ха! - Ќе умрам од смеење!

Брбливка
Овој тип на ученик кај народот е познат како Алапача или Јазик. Не ги признава поговорките како што се "Смисли па кажи" и "Молчењето е злато".
Се препорачува за повеќечасов
но зборување на телефон, оговарање и може да заземе улога на дрвен адвокат.


Силеџија
Не е баш убав, не е баш умен, но е многу силен ученик кој се плетка по двориштето и ги малтретира сите кои се помлади и послаби од него. Неретко им ја зема ужината, патиките и парите. Одличен е за избегнување.
Напомена:
Во горенаведеното се опишува машки силеџија, н
о постои и женски силеџија. Од женскиот силеџија пожелно е да се тргнеме што подалеку. Што е сигурно, сигурно е.

Плачливец
Ученик кој со задоволство: се лигави, цивка, кмечи и друго. Се препознава по црвениот нос, надуваните очи и лигавите марамчиња. Најчесто плаче затоа што:
- киселите дождови ја уништуваат шумата
- Битлси се распаднале
- професорката по биологија отишла во пензија
- на синот на класниот раководител му умрело миленичето
- има лоша оценка на писмена задача
- никој не ја/го сака . .
.


Зомби (ги има многу во нашето школо)
Ученик коj по цел ден и ноќ седи покрај комјутерот, или гледа ТV или се шета по маалото со другарите. Го мрази утрото, часот по физичко и Брбливката. Едвај оди и зборува. Спие на часовите.



Тужибаба
Најраспространет тип на ученици. Го има во неколку варијанти:
Доушник, Њушкало, Гад, Поткажувач... Тужибабта тужи хоризонтално (ученик на ученици), вертикално (ученик/ци на професорите) и дијагонално (професорите на директорот).
Се препознава по: големите уши и одличниот слух. Во состојба е да чуе дури и на 60 m далечина. Поединечни примероци имаат развиено способност и за читање од уста.

Лигавец или Вовлекувач
Некој кој се волекува, влече грчи, лази и лигави пред професорот. Никогаш не го заборава 8-ми март и роденденот на класнот. Само тој/таа се дружи со децата на наставникот на излет или ексурзија. Според начинот на учење е бубалица. Во секој момент има спремена листа на убави зборови за оној од кој очекува корист. Предизвикува гушење кај другите ученици.

Ученици

Деца кои најубавите денови од своето детство го поминуваат пола во школо, а пола во пишување на домашните задачи.
Учениците можеме да ги поделиме во неколку категории и тоа според :
-однесувањето
-учењето
-училишниот ранец
-разно

Училници

Простории во кои учениците ги поминуваат "најубавите" денови од своето детство. Ретко се кречат, никогаш не се проветруваат. Секоја училница мора да има:

Клупи (никогаш нема точно толку колку ни треба)
Служат за да се напишат формули пред писмени, за лепење мастики, допишување со учениците од другата смена, врежување на имиња и симпатии.
Внимание
Во убаво декорирани* и чисти училници учениците постигаат многу подобри резултати.

*цвеќиња што стојат во тегли, никогаш пресадени, исушени афрички љубичици до прозорецот, празни саксии по аглите во училницата . . .


Столчиња ( никогаш нема точно толку колку ни треба)
Служат за кривењ на грбот, кацкање, падање, кршење, цепање на чорапи и ставање на клупите по часовите.



Табла (една ил
и две по број)
Поголема залена или црна даска со голем број дупки и гребнатинки . . .
Намена:
За да се погодува што пишува на неа*, за стресување кога ќе се зачкрипи со ноктот по неа, за падање на картата (едвај закчена)и за бламирање пед целото одделение.
*на мокра табла не се види ништо затоа што е мокра, а на сува затоа што е сува.

Дежурен ученик (ги има двајца)

Служи да: забрави сунгер, да не донесе креда, да изгуби клуч од некој кабинет, за да ги кажува немирните ученици на наставникот и де заборави да го наводни цвеќето (ако го има).
Да бидеш дежурен ученик - во по малите одделенија е голема чест, а во постарите голема досада.









Friday, October 17, 2008

Загатка за професорите

Што е тоа:

"Полна школа ученици-а
никаде нема врата"


одговор:
Ноќен кошмар

Училиште - мачилиште

Не се кажува без причина "Од колевка па до гроб, најубави се школските денови", затоа што школскиот живот е најбезгрижен и највесел период во животот на секој човек. Верни
другарчиња, "пожртвувани" професори, "загрижен" директор, звук на школоското ѕвонче, деца кои се играат во школскиот
двор... се паметат до крајот на животот како драги спомени.А да ли е сеуште така едноставно?