Saturday, November 1, 2008

Типови на ученици според учењето


Мозок
Ретко се видува во училиштата. Неговиот мозок е 5-6 пати поголем од оној на обичниот ученик, 10 пати поголен од оној на професорот и 17 пати поголем од оној на Глупавиот. Има само една основна карактеристика-знае се. Омилена книга му е инцилопедијата во 12 тома*.
Тешко се снаоѓа на забавите, прославите и останатите јавни собири. Носи наочари и кошула секогаш закопчана до
гркланот. Омилена фраза му е:
Ти тоа не го знаеш?!

*Посебно 11-ти том


Про'есо'ке!
Про'есо'ке!
/варијации: Мене! Мене!
Јас го знам одговорот!
Прашајте ме мене!/
Ученик кој ја дига раката пред професорот да го доврши прашањето. Делува радосно и полетно. За разлика од него дете кое не го знае одговорот на прашањето селува уплашено и збунето.
Запомни:
Што повеќе ја дигаш раката и викаш "Про'есо'ке! Про'есо'ке! Мене! Мене!', помала е шансата да те праша професорот.
Бубалица јуниор*
При учење го користи мозокот многу малку (некогаш воопшто не го користи). Тешко памети, али затоа брзо заборава. Се користи за скадирање на непотребни податоци: број на шеќерни репки кои можат да се насдат во еден хектар, извештај од водоинсталатерот, броеви на сите продавници во градот, и така натаму.
*постои и Бубалица сениор


Незналица
Незналицата е убеден дека животот е премногу краток да се троши на учење лекции. Секогаш доцни на часовите, никогаш не пишува домашно, нема ништо напишано во тетратките и бандери на писмените.
Редов
но заборава:
-атлас

-опрема за физичко
-прибор за ликовно и
-училишниот ранец
Кога му ги повикаат родителите во школо секогаш им се случува некоја несреќа: се разболеле, се развеле,
па дури и паднале во кома.
Го мразат професорите.


Глуп
Неговиот мозок има големина на зрно грашок (неретко и големина на дијабола). Гледа, помни и се однесува како риба, па затоа често го викаат - Соме! Топ! Гуско! Букво! Чук!
Може да добие двојка или чувај боже, тројка само ако професорот е многу, многу расположен (пр. кога ќе добие главна награда на лото или школо
то ќе му додели стан).


Учник на генерација
Освојува награди на сите натпревари (како и на школски, така и на општински, а секако и на републички). И покрај учењето наоѓа време да излезе - со мама на прошетка, со тета кај комшивките, со момалата сестра на ручек кај баба...
(Супротен е од Незналицата и Пропаднатиот)