Friday, February 13, 2009

Вицеви


Торта од модри патлиџани
Дошол ракун во слаткарница и прашал:
-Имате ли торта од модри патлиџани?
Слаткарот му одговорил:
-Жалам, немаме торта од модри патлиџани!
За неколку минути дошол друг ракун и прашал:
-Имате ли торта од модри патлиџани?
Слаткарот му одговорил:
-Жалам, немаме торта од модри патлиџани!
За неколку минути пак дошол друг ракун и пак барал торта од модри патлиџани, па друг, па уште еден...
Кога видел слаткарот дека ако има торта од модри патлиџани ќе има голем бизнис направил 50 торти од модри палиџани.
Наредниот ден пак доаѓа друг ракун и прашува:
-Има ли торта од модри патлиџани?
Слаткарот среќно му одговорил:
-Има!
А ракунот рекол:
-Искрено кажи ми, не ли тортите од модри патлиџани навистина се бњак?
И ладнокрвно си излегол од слаткарницата.


Три баби
Си биле три баби кои многу заборавале. Се викале Милка, Вера и Павлинка. Едно попладне Милка и Павлинка дошле кај Вера на гости. Вера ги сварила кафе, откако го испиле кафето Вера кажала:
-Леле!? Па јас заборавив кафе да ви сварам!
Ги сварила кафе по втор пат и откако го испиле второто кафе Милка и Павлинка си пошле на кај дома. По патот си разговарале и Милка кажала:
-Еј каква домаќинка е таа Вера ниту едно кафе не ни свари!
А Павлинка зачудено кажала:
-А каде ја виде Вера!!???

Sunday, November 23, 2008

Разно


Изгубен случај
Нема ранец, бидејки нема книги: некои ги фрлил, други ги изгубил, а некои пак и ги запалил. Во школо доаѓа ретко и тоа само на двта задни часа. Обичо останува во школскиот двор или впаѓа на часовите од прозорецот. Со себе секогаш носи: перпдршка, џебно ноже цигари и уште две деца од негов вид (Изгубени случаји). Одлично ги познава грдите зборови и пцовките. Ги обожава кавгите и тепачките.

Пушач
Ученик кој е уверен дека ќе изгледа постаро, позрело и поинтересно само ако пуши. Со голема желба да го оствари својот "сон", тој започнува да кашла, да има главоболки и жолти прсти. Може да се сретне во WC или зад школото. Се дружи само со деца од негов вид (Пушачи).

Дебел
Ученико кој е два до три пати поголем и поширок од просечниот ученик. Многу се знои, подригнува, а неретко и испушта гасови. Има повеќе прекари: Шкембе, Мрсен, Црево, Прасе, Буре, Задник и други. Води борба со професорот по физичко, а флертува со школската готвачка.

Чудак
Нема ништо заедничко со другите ученици. Дури и не личи на дете (од оваа планета). Зборува поинаку, оди поинаку, се игра поинаку. Затоа што нема некој таков као него често е сам. Чудак има често и меѓу професорите. Можат лесно да се препознаат и тоа од прв поглед.

Sunday, November 2, 2008

Типови на ученици според училишниот ранец


Спортист
Носи исклучиво спортски ранец и комплетна опрема: резерва тренерки, копачки, сите видови на топки, ракети, штоперица, свирче, пераии, тегови и ладна вода.
Книги
те и тетратките ги носи само ако за нив има место (никогаш не ги носи ако има час по физичко). На темата: Мојот среќен ден пишува за победа на неговиот фудбалски клуб. Ги знае резултатите на сите натпревари. Може да се види само на спортски терен, никогаш во библиотека.

Шминкерка
Во школо носи голем и мал несесер со најнеопходни ситници за лична употреба: шампон за коса, фарба, фен, течна и сува пудра, кармин, сјај, руж, сенки за очи во сите можни нијанси, лак за нокти, ацетон, дезедоранс, парфем, пинцета, обично и огледало што зголемува, големо и мало, резервни чорапи, модни часопис со што поголеми слики и што помал текст. За екскурзиите се спрема многу повеќе и многу по темелно.
Сноб
Има ташна од многу позната фирма. Неговите навлаки за книги се од истата фирма или од уште по позната. Кога тато ќе му се врти од Токио ќе му донесе рачен часовник со вграден дигитален телевизор, CD плеер и компјутер кој најмалку ќе чини 645 000 $.

Совршен
Во првата лева преграда од ташната носи сапун и пешкир, во задниот десен џеб носи тоалет, а во левата горна преграда носи носи четка за заби. Тетратките му се изложени во стаклена витрина во главниот хол на училиштето. Доживотно ги пишува пофалниците, дипломите и оценките во детските книшки. Го мрази Гадниот.

Гадниот
Ги носи книгите во кесе затоа што минитата година ранецот го заборавил кај баба во село. Не користи палома затоа што носи блуза со долги ракави. Пожелно е да си подалеку од него на часовите по ликовно, ОТО или пак кога ги соблекува патиките.

Saturday, November 1, 2008

Типови на ученици според учењето


Мозок
Ретко се видува во училиштата. Неговиот мозок е 5-6 пати поголем од оној на обичниот ученик, 10 пати поголен од оној на професорот и 17 пати поголем од оној на Глупавиот. Има само една основна карактеристика-знае се. Омилена книга му е инцилопедијата во 12 тома*.
Тешко се снаоѓа на забавите, прославите и останатите јавни собири. Носи наочари и кошула секогаш закопчана до
гркланот. Омилена фраза му е:
Ти тоа не го знаеш?!

*Посебно 11-ти том


Про'есо'ке!
Про'есо'ке!
/варијации: Мене! Мене!
Јас го знам одговорот!
Прашајте ме мене!/
Ученик кој ја дига раката пред професорот да го доврши прашањето. Делува радосно и полетно. За разлика од него дете кое не го знае одговорот на прашањето селува уплашено и збунето.
Запомни:
Што повеќе ја дигаш раката и викаш "Про'есо'ке! Про'есо'ке! Мене! Мене!', помала е шансата да те праша професорот.
Бубалица јуниор*
При учење го користи мозокот многу малку (некогаш воопшто не го користи). Тешко памети, али затоа брзо заборава. Се користи за скадирање на непотребни податоци: број на шеќерни репки кои можат да се насдат во еден хектар, извештај од водоинсталатерот, броеви на сите продавници во градот, и така натаму.
*постои и Бубалица сениор


Незналица
Незналицата е убеден дека животот е премногу краток да се троши на учење лекции. Секогаш доцни на часовите, никогаш не пишува домашно, нема ништо напишано во тетратките и бандери на писмените.
Редов
но заборава:
-атлас

-опрема за физичко
-прибор за ликовно и
-училишниот ранец
Кога му ги повикаат родителите во школо секогаш им се случува некоја несреќа: се разболеле, се развеле,
па дури и паднале во кома.
Го мразат професорите.


Глуп
Неговиот мозок има големина на зрно грашок (неретко и големина на дијабола). Гледа, помни и се однесува како риба, па затоа често го викаат - Соме! Топ! Гуско! Букво! Чук!
Може да добие двојка или чувај боже, тројка само ако професорот е многу, многу расположен (пр. кога ќе добие главна награда на лото или школо
то ќе му додели стан).


Учник на генерација
Освојува награди на сите натпревари (како и на школски, така и на општински, а секако и на републички). И покрај учењето наоѓа време да излезе - со мама на прошетка, со тета кај комшивките, со момалата сестра на ручек кај баба...
(Супротен е од Незналицата и Пропаднатиот)

Wednesday, October 22, 2008

Типови на ученици според однесувањето

Најдраг на професорот
Секогаш има исчешлана коса, чисти уши, уредни нокти, изгланцани чевли, напишано домшно и секогаш, али секогаш спремно пенкало или молив за да го даде на професорката. Ќе го најдеш во првата клупа, веднаш спроти катедрата, дури и за време на одморите. Доживотен е прецедател на одделението.

Антихрист
Ужива во наговарање на други ученици да направат нешто што никогаш не им паднало на памет. Лесно се наоѓа во невоља и во неа ги вовлекува сите (дури и најдрагиот ученик на професорот)

Молчели
За да можеме да комуницираме со овој тип на ученик неопходен е молчелив речник*.
Се препорачува за играње пантомима и за ком
еморативни седници.
*Молчелив речник:
Климање со главата - Сакам
Одречување со главата - Несакам
Црвенило на образите - Благодарам

Аха! - Секако! Секако!

Мх! - Сосема си во право. И јас мисла
м така!
Хм! - Зборуваш глупости! Јас не те разбирам!
Ха! - Многу смешно!
Ха! Ха! - Ќе умрам од смеење!

Брбливка
Овој тип на ученик кај народот е познат како Алапача или Јазик. Не ги признава поговорките како што се "Смисли па кажи" и "Молчењето е злато".
Се препорачува за повеќечасов
но зборување на телефон, оговарање и може да заземе улога на дрвен адвокат.


Силеџија
Не е баш убав, не е баш умен, но е многу силен ученик кој се плетка по двориштето и ги малтретира сите кои се помлади и послаби од него. Неретко им ја зема ужината, патиките и парите. Одличен е за избегнување.
Напомена:
Во горенаведеното се опишува машки силеџија, н
о постои и женски силеџија. Од женскиот силеџија пожелно е да се тргнеме што подалеку. Што е сигурно, сигурно е.

Плачливец
Ученик кој со задоволство: се лигави, цивка, кмечи и друго. Се препознава по црвениот нос, надуваните очи и лигавите марамчиња. Најчесто плаче затоа што:
- киселите дождови ја уништуваат шумата
- Битлси се распаднале
- професорката по биологија отишла во пензија
- на синот на класниот раководител му умрело миленичето
- има лоша оценка на писмена задача
- никој не ја/го сака . .
.


Зомби (ги има многу во нашето школо)
Ученик коj по цел ден и ноќ седи покрај комјутерот, или гледа ТV или се шета по маалото со другарите. Го мрази утрото, часот по физичко и Брбливката. Едвај оди и зборува. Спие на часовите.



Тужибаба
Најраспространет тип на ученици. Го има во неколку варијанти:
Доушник, Њушкало, Гад, Поткажувач... Тужибабта тужи хоризонтално (ученик на ученици), вертикално (ученик/ци на професорите) и дијагонално (професорите на директорот).
Се препознава по: големите уши и одличниот слух. Во состојба е да чуе дури и на 60 m далечина. Поединечни примероци имаат развиено способност и за читање од уста.

Лигавец или Вовлекувач
Некој кој се волекува, влече грчи, лази и лигави пред професорот. Никогаш не го заборава 8-ми март и роденденот на класнот. Само тој/таа се дружи со децата на наставникот на излет или ексурзија. Според начинот на учење е бубалица. Во секој момент има спремена листа на убави зборови за оној од кој очекува корист. Предизвикува гушење кај другите ученици.

Ученици

Деца кои најубавите денови од своето детство го поминуваат пола во школо, а пола во пишување на домашните задачи.
Учениците можеме да ги поделиме во неколку категории и тоа според :
-однесувањето
-учењето
-училишниот ранец
-разно