Sunday, November 2, 2008

Типови на ученици според училишниот ранец


Спортист
Носи исклучиво спортски ранец и комплетна опрема: резерва тренерки, копачки, сите видови на топки, ракети, штоперица, свирче, пераии, тегови и ладна вода.
Книги
те и тетратките ги носи само ако за нив има место (никогаш не ги носи ако има час по физичко). На темата: Мојот среќен ден пишува за победа на неговиот фудбалски клуб. Ги знае резултатите на сите натпревари. Може да се види само на спортски терен, никогаш во библиотека.

Шминкерка
Во школо носи голем и мал несесер со најнеопходни ситници за лична употреба: шампон за коса, фарба, фен, течна и сува пудра, кармин, сјај, руж, сенки за очи во сите можни нијанси, лак за нокти, ацетон, дезедоранс, парфем, пинцета, обично и огледало што зголемува, големо и мало, резервни чорапи, модни часопис со што поголеми слики и што помал текст. За екскурзиите се спрема многу повеќе и многу по темелно.
Сноб
Има ташна од многу позната фирма. Неговите навлаки за книги се од истата фирма или од уште по позната. Кога тато ќе му се врти од Токио ќе му донесе рачен часовник со вграден дигитален телевизор, CD плеер и компјутер кој најмалку ќе чини 645 000 $.

Совршен
Во првата лева преграда од ташната носи сапун и пешкир, во задниот десен џеб носи тоалет, а во левата горна преграда носи носи четка за заби. Тетратките му се изложени во стаклена витрина во главниот хол на училиштето. Доживотно ги пишува пофалниците, дипломите и оценките во детските книшки. Го мрази Гадниот.

Гадниот
Ги носи книгите во кесе затоа што минитата година ранецот го заборавил кај баба во село. Не користи палома затоа што носи блуза со долги ракави. Пожелно е да си подалеку од него на часовите по ликовно, ОТО или пак кога ги соблекува патиките.

No comments: