Sunday, November 23, 2008

Разно


Изгубен случај
Нема ранец, бидејки нема книги: некои ги фрлил, други ги изгубил, а некои пак и ги запалил. Во школо доаѓа ретко и тоа само на двта задни часа. Обичо останува во школскиот двор или впаѓа на часовите од прозорецот. Со себе секогаш носи: перпдршка, џебно ноже цигари и уште две деца од негов вид (Изгубени случаји). Одлично ги познава грдите зборови и пцовките. Ги обожава кавгите и тепачките.

Пушач
Ученик кој е уверен дека ќе изгледа постаро, позрело и поинтересно само ако пуши. Со голема желба да го оствари својот "сон", тој започнува да кашла, да има главоболки и жолти прсти. Може да се сретне во WC или зад школото. Се дружи само со деца од негов вид (Пушачи).

Дебел
Ученико кој е два до три пати поголем и поширок од просечниот ученик. Многу се знои, подригнува, а неретко и испушта гасови. Има повеќе прекари: Шкембе, Мрсен, Црево, Прасе, Буре, Задник и други. Води борба со професорот по физичко, а флертува со школската готвачка.

Чудак
Нема ништо заедничко со другите ученици. Дури и не личи на дете (од оваа планета). Зборува поинаку, оди поинаку, се игра поинаку. Затоа што нема некој таков као него често е сам. Чудак има често и меѓу професорите. Можат лесно да се препознаат и тоа од прв поглед.

No comments: